Во Кавадарци е ставена во функција петата мини хидроцентрала на системот Лукар, а нејзината моќност е 152,3 киловати на час.
Производството ќе биде променливо во зависност од месечна потрошувачка на вода, а според градоначалникот Митко Јанчев, таа нема да има влијание врз водоснабдувањето и квалитетот на водата за пиење, исто како и останатите четири хидроцентрали. Станува збор за инвестиција од над 373.000 евра.
Исто така, во Кавадрци започна со реализација проектот за инсталирање на фотонапонски панели на десет општински институции. Инвестицијата е околу 114.000 евра, обезбедени од буџетот на општината и од Бирото за регионален развој. Со овој проект, јавните институции ќе произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, а на општинската зграда веќе се поставени такви панели.
Вики Клинчарова