995
Покрај четирите автобуси кои ги има Општина Кавадарци, вчера пристигнаа уште четири нови и модерни автобуси, со кои ќе се извршува градски и приградски превоз.
Јавниот превоз започнува кон средината на месец јануари, а патувањето ќе биде со ниски цени, бидејќи половина од цената на билетот ќе биде субвенционирана од општинската каса. Новите автобуси имаат по 69 седишта и по едно место за лица кои користат помагало за движење. Превоз ќе има секој ден во неделата.
Градските власти апелираат граѓаните што е можно почесто да го користат градскиот превоз, за да се избегнува сообраќајна гужва, но и да се допринесе за намалување на загадувањето