498
Откако утринава изби голем пожар во магацин за градежен материјал и стиропор во Тетово, помош во справувањето со огнената стихија во градот доаѓа и од Кавадарци.
-Три возила и седум пожарникари од Противпожарната единица од Кавадарци, се веќе на пат за Тетово за да помогнат во гасењето на пожарот кој избувна во Фабриката за стиропор Профикс во Тетово – информира градоначалникот Митко Јанчев.
Локалните власти од Тетово побараа помош од противпожарните служби од Гостивар и Скопје, а поради загадувањето на воздухот се апелира до населението да остане дома.
Поради големиот пожар, во Тетово веќе дошле и возила од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје.
Вики Клинчарова