Пожарникарите од Кавадарци спасија куче кое влегло во водите на реката Луда Мара и со часови безуспешно се обидувало да излезе од речното корито.
Кучето кое било изнемоштено и целото треперело го забележале совесни граѓани. Со цел да се спаси, тие се јавиле во Територијалната противпожарна единица- Кавадарци, од каде веднаш дошле да помогнат.
Пожарникарите влегле во речното корито и го извадиле кучето, кое најверојатно во потрага по вода за пиење влегло во реката.
Настанот го потврдија и од Аними Реино, здружение за заштита на животните од Кавадарци, а хуманите пожарникари добија голем број на пофалби од јавноста.
Се апелира до граѓаните, во тек на топлиот период да се оставаат садови со вода за пиење за животните на улиците, за да не се случуваат вакви настани.
Вики Клинчарова