613
Откако загрижени граѓани пријавиле кај службата ,,Мој Општинар” во Кавадарци дека млад штрк паднал од своето гнездо, и не можел да се врати назад во него, истиот веднаш бил спасен.
Во благородната акција се вклучиле општинари, но и службите за осветлување, па птицата безбедно била вратена во гнездото.
Службата ,,Мој општинар” во Кавадарци започна со работа пред околу пет години, на почетокот на мандатот на градоначалникот Митко Јанчев. Функционира така што вработените постојано се на терен помеѓу граѓаните и помагаат во решавање на нивните проблеми кои се во домен на општината.
Проектот се покажа како доста корисен за граѓаните и придонесе за реализација на многу нови проекти во градот.
Вики Клинчарова