Кавадаречкиот театар освои дури четири награди на ДАФ!

by Fokus

Театарот при Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе” Кавадарци, освои четири големи награди на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.

Станува збор за награда за главна машка улога, за најдобра режија, за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци и ГРАН ПРИ наградата „Васил Ќортошев“.

Тричленото жири на 58-то издание на ДАФ во состав Адем Карага, Перо Данаиловски и Александар Димитров им се заблагодари на учесниците и ја поздрави нивната љубов кон театарот, како и одговорниот однос и ентузијазмот.

Според жирито, донесени се следните одлуки: Награда за главна женска улога; Ива Џорлева како Џева во „Стјуардеси“ – М. Каполети; реж. Ефтим Трајчов; „Спотлајт“ – Штип Награда за епизодна машка улога; Мартин Ристов како Најдо во „Стјуардеси“ – М. Каполети; реж. Ефтим Трајчов; „Спотлајт“ – Штип Награда за главна машка улога: Видан Станоев како Негро во „Не се клади на Енглези“ – сп. В. Ѓурѓевиќ; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци Награда за најдобра режија: Диме Коцевски за „Не се клади на Енглези“ – сп. В. Ѓурѓевиќ; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци.

Награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци: „Авантурата на принцезата Лили“ – сп. Мира Станишев; реж. Микица Илова; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци Награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар; Студио за актерска игра „Прва проба“ (Ф.А.Д. Стоби) – Скопје ГРАН ПРИ наградата „Васил Ќортошев“ се доделува на „Не се клади на Енглези“ – сп. В. Ѓурѓевиќ; реж. Диме Коцевски; Театар при ДК „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости