Локален Музеј Галерија Кавадарци ќе организира историски час за посетители и туристи во спомен куќата на Народниот херој Страшо Пинџур во Ваташа.
Како што информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, за продолжување и збогатување на промоција, презентација и афирмација на ликот и делото на Народниот Херој Страшо Пинџур, спомен куќата на револуционерот кои се бореше за слободна и независна Македонија ќе работи секој работен ден од 09 часот до 16 часот, а за дополнителните посети и во викенд Локален Музеј Галерија Кавадарци ќе организира историски час за посетители, туристи и слично, со предходна најава на телефонскиот број 043/413-470 или 070/265-602.
Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во село Ваташа е Споменик на културата заштитена со Закон за заштита на спомениците на културата. Од 1958 г. е прогласена за Меморијален Спомен музеј. Истата е реновирана во 1976 година, за официјално да биде отворена за посетители во 1977година.
Оттогаш па сé до денес се направени неколку заштитни интервенции, при што секогаш се настојувало да се зачува автентичниот изглед на куќата.
Во Спомен куќата има постојана историска – тематска поставка посветена на животниот пат и револуционерното дело на овој истакнат борец и револуционер. Има збирка на фотографии, документи, дописни картички, скици и цртежи кои Страшо Пинџур ги направил за време на своето школување.
Вики Клинчарова