Голем број на специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад се набавени изминативе години во Кавадарци, и моментално возниот парк на ЈП Комуналец располага со 57 возила.
Како што информира градоначалникот Митко Јанчев, возниот парк на претпријатието се состои од три товарни цистерни, една канал џет цистерна, 8 пикап возила, 9 товарни возила, 3 самоподигачи товарни возила, 8 ѓубрарки, еден камион со кран, 5 трактори, 7 леки коли, 6 скипови, 4 метларки и 2 булдожери.
Возилата беа презентирани на јавноста преку видео запис.
Како што појаснува, од современо опремениот возен парк на Комуналец зависи и ефикасното и навремено извршување на активностите за одржување на чиста, здрава и убава животна околина.
Возилата се употребуваат за одржување на јавна хигиена низ цела општина, и се дел од обновувањето на возниот парк и машиноопременоста на јавното претпријатие, со цел одржување на хигиена на највисоко ниво.
Вики Клинчарова