82
Жена од Кавадарци на возраст од 57 години, вчера пријавила во Полициската станица Кавадарци дека била измамена за поголема сума на пари од страна на лице кое и се претставило дека е претставник на странска банка, со Балканско претставништво.
Тој и ветил дека ќе и помогне да добие кредит со ниска каматна стапка, но првин барал таа да му уплати пари.
Во рок од еден месец, жената во повеќе наврати му уплатила суми од по 270 евра на лажниот банкар, а тој и барал да уплаќа уште.
Откако не добила кредит, сфатила дека е измамена, па случајот го пријавила во полиција.
Од СВР Велес известуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вики Клинчарова