Поднесена е кривична пријава против 42-годишната кавадарчанка М.Д. која ја терала штитеничката на домот „25 Мај“ да дава сексуални услуги за одреден паричен надомест, информираа од МВР. Таа се сомничи за делото трговија со дете.
Според документираните сознанија на полицијата, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И. штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми ,, 25-ти Мај “, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест. Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи. М.Д. е задржана во ПС Кисела Вода и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.