647
Жена од Кавадарци на возраст од 33 години синоќа била лишена од слобода, откако поранешниот сопруг ја пријавил во полиција, бидејќи му го демолирала домот.
Според извори на истрагата, таа дошла кај поранешниот сопруг и започнала да крши наоколу, па настрадал телевизорот и други предмети од домаќинството.
Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.
-На 03.11.2022 околу 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ц.Ј.(33) од Кавадарци затоа што во домот на поранешниот 34-годишен сопруг во Кавадарци и оштетила повеќе предмети. Таа била приведенa во Полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од таму.
Вики Клинчарова