Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си

by Fokus

Кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, потврди доктор Мирослав Нерков од Брзата помош.

– Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на лице место веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема исеченица и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме во кавадаречката болница, појасни Нерков, пренесе државната МИА.

Од СВР Велес го потврдија случајот.

– На 10.09.2024 во 03.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка. В.Ѓ.М. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од СВР Велес.

Поврзани новости