74
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(30) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Информациите се дека на 04.03.2024 пријавениот, како поштенски работник – разнесувач на пратки во правно лице со претставништво во Охрид, паричните средства од дневниот промет неовластено ги присвоил, наместо да ги предаде во тековниот ден на овластено лице за прием на прометот.
Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 92.000 денари.