Кавадарчанец претепан од обезбедувач на кафуле

by fokus

Дваесет и шестгодишен кавадарчанец пријавил во полиција дека синоќа бил претепан од обезбедувач на едно кафуле.

-Во 05,45 часот во Полициската станица Кавадарци Б.Ч.(26) пријавил дека истиот ден околу 04,15 часот во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од страна на А.Ч., кој работел како обезбедување во објектот. Пријавителот се здобил со повреди констатирани од страна на лекар од Здравствениот дом во Кавадарци. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости