309
МВР информира дека вчера во 15.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ѓ.(61) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62) од Кавадарци, директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.