Кавадарчанец доби кривична пријава, украл чанта со пари и банкарска картичка

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле кривична пријава за жител на Кавадарци за кражба и обид за неовластено влегување во компјутерски систем.

„ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ‘кражба’ и едно кривично дело ‘обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’“, соопшти МВР.

Според информациите од полицијата на 24 јули годинава на улица „Прилепска“ во Кавадарци, од товарно возило „ивеко“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Д.С. од с.Криволак, неготинско, пријавениот одзел чанта со пари, дебитна банкарска картичка, лични документи и други предмети.

„Истиот ден имал неуспешен обид да изврши електронска наплата со картичката. Исто така, на 25.07.2023 на улица „Зелен Пазар“ во Кавадарци, од патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот одзел два мобилни телефони“, соопшти МВР.

Поврзани новости