Северна Македонија демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивниот ангажман во ОБСЕ, а нејзините граѓани изградија успешно мултиетничко општество, порача претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.
Таа потенцираше дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион.
-Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи при очигледната агресија и некоректното насилство на Русија врз Украина. ОБСЕ се соочува со повеќе предизвици, рече Каума.
Регионалниот развој, како што рече, не може да биде загарантиран без мир и стабилност.
-Исто така, и Централната Азија ја има нашата континуирана внимателност, со оглед на тоа што регионот се соочува со криза, по терористичкиот напад што почна на 7 октомври, и ова секако има огромно влијание врз останатите држави, додаде Каума.
Таа е на ставот дека луѓето во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи.