Кацарска: Законот за амнестија е предвреме донесен!

by fokus

Селективниот закон за амнестија кој ќе опфати поголем дел од обвинетите за „27 април“, се изгласа во Собранието, а набрзо ќе треба да се спроведе и во пракса. Сепак сѐ уште не е јасно кого точно од обвинетите опфати. Според законот секој обвинет во рок од пет дена од правосилноста на законот треба да поднесе барање до судот да биде амнестиран. Судот го носи решението во рок од пет дена по приемот на барањето, но претходно мислење треба да даде јавната обвинителка Вилма Русковска.

Судијката Добрила Кацарска која го води судскиот процес, за Независен весник, изјави дека во законот има многу нејаснотии.

„Ваков закон досега не сме имале. Според мене ниеден факт не е докажен додека не се докаже во постапка, а за тоа треба целосно да заврши процесот. Во оваа фаза не требаше да се носи ваков закон и сметам дека е предвреме донесен“, вели Кацарска, за Независен весник.

 

Поврзани новости