815
Судијакта Добрила Кацарска, реагираше на спотовите во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, каде се споменува нејзиното име и смета дека партијата го злоупотребува.
Таа во изјава за порталот „Фактор“ потенцира дека партиите добиваат државни пари за да ја рекламираат својата програма и својата кандидатура.
„Посебно овде би нагласила дека мојата работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ. Со ваква кампања, Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупцијата, па можеби тој како кандидат за премиер, пушта јасна порака дека ќе го штити криминалот и корупцијата“, вели Кацарска за Фактор.