Кацарска: Ваква слаба доверба кон редовното судство сме немале досега

by Fokus

Се надевам дека довербата во Уставниот суд е поголема и дека ќе расте. Се вложувам за да граѓаните имаат поголема доверба во нас. Ваква слаба доверба кон редовното судство сме немале досега. Според мое видување, нема транспарентност и ажурност. Многу е битно со кои предмети се направила ажурноста, вели претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во емисијата „Топ тема“.

Судијката наведува дека довербата на граѓаните во судството од околу 9% не е исто како кон Уставниот суд.

-За жал, бројчаникот никогаш не сврте колку доби државата од конфискуваниот имот. Тоа е точно и тука би кажала дека секоја институција имала свои надлежности. Едни се надлежностите на судот, други на Обвинителството, потоа правобранителството и на крајот Агенцијата за управување со запленет имот. Доколку сите се придржуваат, не би се дошло до ваква ситуација,  рече Кацарска.

Според неа, „кои се тие кои нудат имот како гаранција за да не бидат во притвор, а истовремено го префрлаат имотот“.

-Треба да се води друга постапка. Кога би знаела за предметите, повеќе би истражувала и би дала попрецизни одговори. Не можам конкретно да кажам за предмети за кои не сум работела. Во нашата република многу често се случува да има очигледен криминал од некои личности, а не се покренуваат постапки. Не знам која е причината зошто не се прави тоа, прашува Кацарска.

 

Поврзани новости