Претседателката на Уставен суд, Добрила Клацарска на денешната прес-конференција рече дека со години добивала закании тоа речиси секоја недела, тоа траело неколку години, но пред извесен перид решила да пријави затоа што заканите зачестиле. Кацарска ова го кажа денеска на прес конференцијата посветена на завршувањето на нејзиниот претседателски мандат.
„Oва се закани кои што ги пријавив, но јас трпам закани неколку години наназад. Нема недела да помине, а да не добијам закана. Бев и физички нападната, но никогаш не пријавував бидејќи сметав дека се работи за изолирани случаи. Не сакав да ја оптоварувам јавноста, ниту органите на прогон, но со оглед дека зачестија, затоа се решив да пријавам. Не знам дали би продолжиле заканите, рече Кацарска.
Таа пред две недели пријави во полиција дека пред нејзината подземна гаража во центарот на Скопје пронашла импровизиран кревет и нож. На 18 мај, во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало по што интервенирало нејзиното обезбедување.
Како што соопштија од Уставен, наследникот на Кацарска треба да биде избран утре од редовите на судиите.
На прашањето што очекува од нејзинито наследник, таа рече дека очекува Судот и понатаму да биде ажурен, да постапува по сите предмети без разлика од кого е поднесена иницијативата.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.