Кацарска: Никој нема да ми каже како да работам

by fokus

Нема да дозволам никој да ми каже како јас да работам и во никој случај да ми каже некој како да гласам, за мене е навреда да ми се јави политичар и да ми каже како да одлучам, вели претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска во Трилинг.

-Пред мене се доказите, пред мене е предметот, пред мене се странките во судницата. Јас сум таа што го знам предметот. Ние мора многу совесно да работиме, ако одлучуваме за согласност за законите на уставот, ги штитиме човековите права и слободи, одлучуваме дури и за одговорност на претседателот на државата – појасни Кацарска.

Во однос на прашањето како се донесуваат одлуките со оглед на што Собранието доцни со изборот на тројца нови судии, таа посочи секоја одлука што ќе ја донесат со потребното мнозинство има легитимитет.

-Одлуките можеме и со пет гласа да ги донесеме и многу често тоа се случува. Многу одлуки се донесени со пет гласа, легитимет имаат, и никој не може да оспори таква одлука, но проблемот е во нешто друго, друго е кога девет судии дискутираме за еден предмет – рече Кацарска.

Во врска со предметите поврзани со Орце Камчев, Кацарска посочи дека досега не водела апсолутно ниту еден предмет за него.

-Ако случајно ми беше доделен предмет јас да да работам, ќе побарав веднаш изземање. Во предметот „Рекет“ требаше да бидам член на Советот за оценка на обвинителниот акт. Кога со колегите видовме дека Орце е сведок иако нема пречка посебно во оценка за сведок, јас сепак веднаш побарав изземање – рече Кацарска.

Во однос на случајот 27 април, Кацарска посочи дека била претседател на Советот за тој предмет. Според неа, нема апсолутно никаков сомнеж во Советот ниту пак треба да има сомнеж кај граѓаните дека дејствијата што се преземени од страна на веќе осудените одговараа на тоа кривично дело.

-Дејствијата се терористички, тука се работи за нивните преземени дејствија кривично дело тероризам е друго дело во друга глава. Учесниците во тој настан, осудените, спречија избор на претседател на Собранието. Од друга страна, сите ние тоа го гледавме. Не верувам дека не постоеше граѓанин што не беше исплашен за се она што може да се случи, а можеше и повеќе да се случи – рече Кацарска.

Поврзани новости