Кацарска му се закани со притвор на Талевски, доколку лажирал дека е болен

by fokus

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, денеска не се појави во судница на судењето за случајот „Транспортер“, на кое беше предвидено обвинетите да ги дадат своите завршни зборови.

Судијката Добрила Кацарска порача дека нема да толерира одлагања и развлекување на постапката на самиот крај. Затоа најави дека ќе се провери лекарската документација која ја доставил Талески, а доколку се утврди дека обвинетиот не е болен, тогаш рече дека ќе побара притвор за екс градоначалникот.

Судењето за „Транспортер“ се одложи за во среда, а случајот се однесува за злоупотреби при организирањето училишен превоз во Битола.

Во „Транспортер“ освен Талески обвинети се и уште 22 лица поради злоупотреби на службената положба во врска со превоз на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.

 

Поврзани новости