610
Судијката Добрила Кацарска во емисијата Стадион на Канал 77 рече корупцијата е присутна и во судството.
– Ако толку многу се зборува за корупција, најверојатно таа постои во нашите редови. Немам доказ, но сепак се сомневам дека има судии кои се навистина корумпирани. Гледаме кој како живее, каде оди на летување и зимување во скапи европски центри – истакна Кацарска.
Таа нагласи дека силно се залага за проверка на имотот на сите судии, но, како што вели, и на членовите на нивните потесни и пошироки семејства.