Кацарска: Иванов нема право да ги амнестира осудените за 27 април

by fokus

Претседателот Иванов нема ингеренции да ги аболицира неправосилно осудените и барање за амнестија кое го поднесоа адвокатите, вели судијката Добрила Кацарска, која ја изрече првостепената пресуда во случајот за 27 април, а во врска со информациите дека осудените поднеле барања за аболиција до претседателот.

-Иванов нема право да ги аболицира неправосилно осудените за 27 април и мојот став е дека нема ингеренции за тоа. Уставниот суд го избриша оној член 11 од Законот за амнестија на кој се повикуваат адвокатите. Јас не сум го видела барањето за аболиција, но според она што ми го појаснувате нема право Иванов да помилува врз основа на така поднесени барања за амнестија. Адвокатите треба да прават разлика помеѓу Закон за амнестија кој е донесен со двотретинско мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија и барање за аболиција. Знак на равенство помеѓу донесениот закон и барање за аболиција која е поднесено како резултат на претходно донесен Закон за амнестија, не може да има. Не се работи за нешто што е исто – вели Кацарска за МКД.мк.

Поврзани новости