Кацарска го искара Дамовски да не ја гледа обвинителката и да не зборува

by fokus

Додека обвинителката Ивана Трајчева го читаше смс пораките на сведокот Сашко Коцевски, поврзани со насилниот упад во Собранието, наеднаш запре и побара од судијката Добрила Кацарска да му каже на обвинетиот Борис Дамовски да не зборува.

-За цело време додека ги читам пораките, обвинетиот Борис Дамовски зборува свртен кон мене. Ве молам да го предупредите да не зборува, рече обвинителката.

По ова судијката му рече на Дамовски да не зборува и да гледа пред себе, по што Дамовски и возврати дека не може таа да му каже каде да го насочи погледот, бидејќи како што рече не сакал да гледа пред себе. Пред него се наоѓа мониторот на кој се презентираат пораките.

Тогаш Кацарска му врати дека не мора да гледа во мониторот, но дека не смее ниту да и пречи на обвинителката.

Поврзани новости