Кацарска до Поповски: Да и кажете на сопругата да не ургира преку моите пријатели!

by fokus

Случајот на СЈО, „Триста“, денеска почна од почеток во Кривичниот суд, откако Апелација ја укина првостепената пресуда, според која обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР,  беше осуден на девет години затвор.

На почетокот на судењето, судијката Добрила Кацарска му порача на обвинетиот Поповски да и пренесе на сопругата да не ургира преку нејзини пријатели.

-Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој да ургира за пресуда, рече Кацарска, а Поповски само климна со главата.

Во моментот обвинителот Стевче Донев ги презентира воведните зборови за овој случај.

Според првостепената пресуда, во МВР бил спроведен тендер за набавка на 300 возила, кој бил поделен во лотови, па наместо тендерот да го добијат прворангираните економски најповолни компании, тендерскиот колач бил распределен произволно, по нечија желба. Па така се случило трето и четврторангираниот да добијат повеќе возила од прворангираниот.

За оваа набавка МВР потрошило 318 милиони денари, а направената штета е од 27 милиони денари.

В.В.

Поврзани новости