Кацарска: Да се спроведе ветинг, има судии кои не ја заслужуваат судиската тога

by fokus

Јас сум силен поддржувач на идејата да се спроведе процес на ветинг. Помеѓу судиите има и такви кои не заслужуваат да ја носат судиската тога, вели во интервју за „Макфакс“ судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска.

-Сметам дека преку тој процес на ветинг конечно во Македонија би се тргнале сите оние судии кои не заслужуваат да бидат носители на судиската функција. Се знае кој може да биде судија. Оние основни услови ги исполнуваме сите, меѓутоа еден судија мора да биде со интегритет, професионалец и слично. Не може да имаме нечесни, корумпирани и неморални луѓе во судството без оглед во кој и да е суд во Република Северна Македонија и сметам дека државата не може тоа да си го дозволи, а како што гледаме сите, има чудни ситуации последниве години во судството. Ние судиите самите допринесовме со нашето однесување, угледот на судот да биде на најниско ниво, рече Кацарска.

Поврзани новости