3
Министерот за одбрана на Израел рече дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан се додека не се обезбеди целосно разоружување на Хезболах и движењето не се повлече северно од реката Литани или додека на жителите на северен Израел не им биде дозволено да се вратат во своите домови.
„Ние нема да се согласиме на никакво примирје, нема да ја тргнеме ногата од гасот и нема да дозволиме никакви договори кои не вклучуваат постигнување на воени цели – и пред сè, право на Израел е самостојно да дејствува против терористичките активности. изјави Израел Кац за време на неговата прва посета на Северната команда.