Потребата Грција да ги промовира одредбите од Договорот од Преспа, но и да го активира Советот за соработка на високо ниво со Северна Македонија, ја истакна одговорниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
По средбата со шефот на грчката дипломатија во рамките на контактите на Дендиас со претставниците на политичките партии за теми од надворешната политика, Катругалос се осврна и на односите со нашата земја.
Рече дека иако тоа било прашање за кое не разговарале детално со Дендиас, сепак порача дека сè уште чекаат да бидат донесени за ратификација во Парламентот меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, но и дека треба да се одржи втората владина седница меѓу двете земји.
-Ќе треба повеќе да ја нагласиме потребата Грција да биде факторот што ја промовира европската перспектива на Западен Балкан. Да ги промовираме сите одделни одредби од Договорот од Преспа, особено оние што ги промовираат нашите интереси и да го активираме Советот за соработка на високо ниво со оваа земја, рече Катругалос по средбата со Дендиас