Католиците го слават Велигден

by fokus

Верниците на Римокатоличката црква и другите западни цркви кои времето го сметаат според Грегоријанскиот календар, го слават Велигден, најрадосниот христијански празник, кој е суштината на христијанската вера – победата на животот над смртта.

Како и според православното верување, за Велигден се бојадисуваат јајца како симбол на Христовото воскресение, а првото јајце што се варат обично се бојадисува црвено, што е симбол на Христовата крв и се чува во текот на целата година како чуварско јајце.

Марија Магдалена му подари црвено јајце на римскиот император Тибериј кој не верувал во Христовото воскресение и го поздравила со зборовите „Христос воскресна“. Оттогаш, насекаде во деновите на Воскресението Христово се подготвуваат велигденски јајца како симбол на неговото воскресение.

Велигден, празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, денес го слават католиците, протестантите, англиканите, како и некои православни и бројни помали цркви.

Верниците кои го слават Велигден според јулијанскиот календар овој празник ќе го слават на 5 мај.

Поврзани новости