469
Португалската католичка црква одлучи да им се извини на жртвите на сексуална злоупотреба извршена врз деца од членови на црквата. Станува збор за најмалку 5.000 жртви.
„Ги бараме сите жртви за прошка: сите оние кои храбро сведочеа за злоставувањето по толку години молк, како и оние кои се уште ја носат болката длабоко во срцето и се уште не ја споделиле со никого“, рече претседателот на португалската бискупска конференција (CEP), епископ Хозе Орнелас.