Најпознатиот светски дневен весник за бизнис и економија направи сторија за македонската Специјална обвинителка, Катица Јанева, во која вели дека таа е вистинска ѕвезда во Македонија, а сторијата е со наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“.
Во текстот на „Фајненшал Тајмс“ Јанева е опишана како камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза. Весникот пишува дека Специјалниот обвинител во Македонија се соочува со огромни пречки, меѓу кои и обезбедување сведоци, од кои многумина се плашат да соработуваат поради засилен надзор, а тоа може да стане уште потешко откако Коста Крпач, сведок, умре откако беше застрелан во градите.
-Постојано поддржувана од две офицерки – во зачудувачи контраст на политичката сцена во Македонија во која доминираат мажи – таа му пркоси на претседателот со покренување неколку нови истраги, пишува веникот.
Катица Јанева за „Фајненшал Тајмс“ изјавија дека ако претседателот има намера да продолжи со помилувањата на луѓе кои се обвинети, тој ќе има многу работа, бидејќи Специјалното обвинителство нема да сопре со истрагите.