382
Празна сала ја дочека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска пред Собранието треба да го презентира шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пренесе „Слободен печат“. Пратениците од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците не беа на своите места, иако Јанева пристигна точно на време, во 14 часот кога и беше закажана седницата.
Претходно седницата беше одожувана два пати на барање на пратениците да им се даде повеќе време да го разгледаат извештајот, објавен пред речиси два месеци.
Фото: Слободен печат