Катица Јанева стана баба, доби внука

by Fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби внука од нејзината ќерка, која лани во април се омажи.

Нејзината ќерка Милена родила девојче, а пријателите веќе и ја честитаат приновата на нејзиниот Фејсбук профил.

Покрај желбите за здравје и среќна на малата, пријатели и посакуваат и да ја наследи нејзината насмевка. Таа се омажи во април минатата година со својот избраник, Петар Поцков. Свадбената веселба ја направија во ресторан во Гевгелија.

Освен ќерката Милена, Катица го има и синот Лазар, кој се уште не е оженет. Обвинителката не одговори на нашите повици со цел да дознаеме како се чувствуваат мајката и бебето, но и таа во новата животна улога.

 

Поврзани новости