809
Специјалната јавна обвинителка преку соопштение се извини што ја напушти Седницата на собраниската Комисија за политички систем, објаснувајќи дека поради здравствената состојба не можела да остане до крајот на расправата.
-Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата – изјави Јанева.
Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.