Адвокатката Ирена Фрчкоска, која е дел од одбраната на Катица Јанева во изјава за „Фокус“ велат дека тие се разочарани од денешната пресуда и најавуваат жалба.
Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева очекувала Судот да одлучува врз основа на докази.
-Јанева очекуваше Судот да одлучува врз основа на докази, правилно да ги утврди сите решителни факти, и да донесе правилна и за закон заснована одлука.
Разочарани сме од пресудата, Обвинителството не докажа вина на страна на Катица Јанева, ниту пак достави цврсти и несоборливи докази. Обвинението се темели на претпоставки, што значи дека и пресудата ќе се заснова на претпоставки, бидејќи не се утврди ниту еден решителен факт. Казните се превисоки за да се засноваат на претпоставки и неутврдени факти. За да има такви високи казни, мора да има и цврсти и несоборливи докази, а такви докази во овој случај нема, вели Фрчкоска за „Фокус“.
Јанева денеска не беше во Судот и го искористи своето право да не биде спроведена на читање на пресудата.
К.С.