Катица Јанева – екс шефицата на СЈО го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“, потврди директорот на Управата за извршување на санкции – Александар Пандов.
Управата направила проверка за почитувањето на условите за користење на правото за работен ангажман надвор од затворот, па утврдено е дека Јанева не ги почитувала условите.
Таа во февруари годинава доби дозвола да работи во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев, откако веќе имаше одлежано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“.
Според условите, наутро таа излегува од „Идризово’, а по завршување на работниот ден, требаше да се врати во затворската ќелија.
Јанева беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на 7 – годишна затворска казна во случајот „Рекет“.