538
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева добила затворски викенд за Нова Година. Оваа привилегија ја добила бидејќи според законот, на затвореникот му следува викенд доколку одлежал една третина од казната, пренесува „Телма“.
Таа треба да се врати во Идризово во првиот работен ден оваа година, а Јанева го исполнува овој услов затоа што во затворската казна се пресметуваат и деновите кои ги помина во притвор.