538
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) придружувана од двајца обвинители, главниот истражител и нејзиниот шеф на Кабинет, денеска присуствуваше на комеморација во Палермо, соопшти СЈО.
Комеморацијата е во организација на Фондацијата Франческа Фалконе, и се одржува во чест на жртвите Џовани Фалконе, Франческа Морвиљо, Паоло Борселино и сите полициски службеници и жртви на мафијата.
Во фокусот на комеморацијата е борбата против организираниот криминал и има за цел да собере реномирани италијански и странски академици и експерти, вклучително и највисоки државни функционери.