Катица Јанева е библиотекарка во „Идризово“

by fokus

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во затворот „Идризово“ работи како библиотекарка.

-Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната, изјавил директорот на затворот Зоран Јовановски за Макфакс.

Катица Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа беше приведена на 21 август 2019 година, а според податоците на Јовановски, казната на Јанева ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста за помилување.

 

Поврзани новости