Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во својот воведен говор повтори дека не се чувствува за виновна по обвинението за „Рекет“”
-Не се чувствувам за виновна и знам дека обвинителството нема докази кои укажуваат на моја вина. Горда сум на формирањето на СЈО и на тимот, како и на сите предмети кои произлегоа. Ја имав честа да формирам тим кој сработи 171 предмет, од притвор ги предадов на јавното обвинителство. Секој пат сум била општествено одговорна, рече Јанева која изрази надеж дека нејзиниот тим ќе продолжи да работи.
Таа повторно повтори дека работела согласно закон.
-Како специјален јавен обвинител јавно тврдам дека секогаш сум постапувала законски. Се што направив ќе биде основ за изучување на идните генерации. Во изминатите четири години се изложив на ризик, а и моето семејство. Но не се жалам. Се уште одам со крената глава и секого можам да погледнам во очи. Очекувам праведна одлука која ќе ме ослободи од обвинение кое ми го исконструира обвинителката Вилма Русковска. Се надевам дека не се плашите од нејзините закани дека ќе тресе гаќи, рече Јанева.
В.В.