Катастарот ќе ги чисти фиктивните сопственици од вашиот имотен лист

by Fokus

Согласно измените на законот за недвижности од јуни, во изминатите две недели се донесени и сите подзаконски акти со посебен акцент на членот за исправки на грешки при процесот на запишување на правата на сопственост кои се настанати при дигитализација на аналогниот премер од минатото, рече директорот  на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.

-Со процесот на дигитализација настанале голем број на грешки во делот на сопственичките права, така што има многу голем број на случаи каде во имотните листови се појавуваат сопственици со на пример 2 или 3 метри квадратни, што значи дека во ваков случај или пак случај до 5 проценти грешка во премерите на катастарската парцела, граѓаните ќе мора да достават барање до Катастарот со кои ќе бараат иземање на ваквиот тип на сопственици, објасни Тунџев.

Тој појасни дека овој тип на барања ќе бидат без надоместок, а потребните документи граѓаните ќе може да ги достават до најблиската подрачна единица на Катастарот.

Најголеми проблеми од овој тип има во Драчево, Ѓорче Петров, Волково, Сарај и други.

– Преклопот од нов и стар план се влече подолг период како последица на дигитализација, токму затоа се отоворени и две нови подрачни функционални подрачни единици во Чашка и Македонска Каменица какде како и во градови како Гостивар, Берово, дел од Штип, Куманово сопственоста се утврдувала преку пописен катастар, што е процес кој мора де се заврши за да конечно се реши проблемот и овие граѓани да добијат имотни листови, вели Тунџев.

С.Т.

Поврзани новости