Израел се согласи со предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, а позитивна реакција стигна и од палестинското движење Хамас, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ансари.
„Израел се согласи со предлогот за прекин на огнот и добивме првична позитивна реакција од Хамас“, изјави Ансари за Ал Џезира.
#BREAKING Hamas gives 'initial positive confirmation' on hostage release, truce proposal: Qatar pic.twitter.com/cekF69FJ9x
— AFP News Agency (@AFP) February 1, 2024
Катарските и египетските посредници оваа недела му го претставија на Хамас првиот конкретен предлог за продолжен прекин на огнот во Газа, договорен со Израел и САД во Париз минатата недела.
Хамас претходно објави дека го проучува текстот и подготвува одговор.
Израел и Хамас се уште немаат дадено официјална изјава за ова прашање.