Катанец на американско-канадската граница

by Fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп и премиерот на Канада, Џастин Трудо договорија затворање на американско-канадската граница за сите несуштински патувања. Оваа мерка е со цел да се спречи ширењето на опасниот корона вирус.

„Со заемен договор, привремено ќе ја затвориме нашата северна граница со Канада“, напиша Трамп на својот Твитер налог.

Досега во САД има над 6 илјади заразени, додека во Канада бројката се искачи на 600 случаи и осум мртви.

Поврзани новости