Каспаров смета дека по падот на Путин, руската империја мора да престане да постои

by Fokus

Еден од најдобрите шахисти на сите времиња, Гари Каспаров во интервју за Newsweek вели дека победата на Украина во војната што ја започна Москва ќе доведе до колапс на режимот на Владимир Путин.

„Сосема сум сигурен дека Русија ќе биде помала во следните пет години – изјави тој за Newsweek.

Опишувајќи ја војната во Украина како „геноцид“, чии последици „ќе ги чувствуваме со децении“, тој рече дека руските територии како што се републиките Татарстан, Башкортостан и Чеченија „многу веројатно ќе заминат“.

„Ова е процес кој запре во 1991 година со распадот на Советскиот Сојуз, но мислам дека распадот на Руската империја е неизбежен“ – вели Каспаров.

Легендарниот шахист се прашува „Јасно е дека Руската империја мора да престане да постои. Прашањето е дали слободниот свет ќе направи политика која ќе им помогне на другите сили во Русија да зачуваат дел од територијата со мнозинско руско население и да ја реформираат земјата за да стане иден сојузник на евроатлантската цивилизација, или работите целосно ќе излезат од контрола?“.

Тој верува дека на Украина треба да и се даде сето оружје што и е потребно за да победи, бидејќи тоа ќе му стави крај на режимот на Путин „во време кога сè уште имаме некои врски од рускиот владејачки механизам што би можеле да се внесат во новиот систем на управување“.

Според него, Русија треба да е парламентарна република или лабава федерација.

Поврзани новости