966
-Се надевам дека ќе ме респектирате: Јас сум ГЕЈ“, осамна како статус на профилот на познатиот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас, на Твитер.
Оваа објава предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи, но беше тргната од профилот на поранешниот голман.
-Мојот профил е хакиран. Сега се е во ред. Им се извинувам на сите мои следбеници. И исто така им се извинувам на ЛГБТ заедницата, објави Касиљас.