Касапски сними спот за макфестовската „Помини“ во Стокхолм

by Fokus

Поп музичарот Панче Касапски го промовираше новиот видео запис за песната „Помини“ која премиерно ја изведе годинава на Фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип.

Од неговиот тим информираат дека спотот е направен на познати локации во Стокхолм, Шведска, изработен под палката на Мерт Арслани.

Композитор и аранжер на оваа балада е самиот Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, младата пејачка Лара Иванова ги пее пратечките вокали, а миксот и мастерингот е на Роберт Билбилов.

Касапски за првпат на македонската музичка сцена се појави на Макфест во 2013 година и има снимено повеќе авторски песни како „Наивно“, „Намини ноќва“, „Уште си ми ти“, каде се потпишува како композитор.

Значаен успех Панче Касапски постигна со авторската композиција во соработка со Лара Иванова во дуетот „Само сврти се“. Оваа песна беше на врвот на сите топ листи во Македонија.

Тандемот Касапски-Иванова ја продолжуваат традицијата на создавање автентичен македонски поп сензибилитет, преточен во современ светски звук актуелен на денешното време и светската поп продукција и композиција-истакнаа од неговиот тим.

Вики Клинчарова

Поврзани новости