Заменик-помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф денеска порача дека американската поддршка за борбата против корупцијата е нешто што многу сериозно го сфаќаат во САД и нешто со што се справуваат на неколку начини, како што е и црната листа со санкции.
-Не можам да коментирам со детали во моментов, но, можам да ве уверам дека тоа е наш приоритет и е нешто на што работиме, кажа тој на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.
Американскиот претставник порача дека Владата е апсолутно посветена на патот кон ЕУ.
-Ја гледаме искреноста и не само во она што Владата го кажува туку и во она што го прави. Тоа е посветеност на европските интеграции и реформите кои се неопходни. Ова САД го поддржува и ќе продолжува да го поддржува, додаде Касаноф.