Касами за објавата на фејсбук: Не се работи за никаков „главен град“

by Fokus

Од Општина Тетово попладнево испратија дополнителен став со кој градоначалникот Касами обвинува за злоупотреба на неговата порака објавена на неговиот фејсбук профил каде за Тетово вели „Добредојдовте во албанскиот главен град на Северна Македонија“. Оваа порака Касами ја објави со фотографии од средбата со дваесет градоначалници Албанци од регионот

-Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Северна Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да и дадат друга насока – вели Биљал Касами.

Општина Тетово денеска соопшти дека градоначалникот одржал средба со градоначалниците на општините во Косово, амбасадорот од оваа земја во Скопје и градоначалникот на општина Бујановец Србија на која се разговарало за реализација на заеднички проекти и за продлабочување на соработката меѓу нив. Во Тетово беа 17 градоначалници, кои со Касами посетија повеќе знаменитости како Шарена Џамија, комплексот Арабати баба Теќе и други културни објекти.

МИА

Поврзани новости